5.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Манчестер јунајтед победи со гол во 90+1 минута (Видео)

Манчестер јунајтед се радуваше на гостувањето во Лондон, откако минимално со 1:0 победи на теренот на Фулам, во меч од 11. коло на Премиер лигата. Радоста за Црвените ѓаволи дојде буквално во последните минути откако Бруно Фернандес погоди во 90+1 минута.

Вистински карамбол имаше во шеснаесетникот на Фулам, а домашните дефанзивци откако не успеаа да ја исфрлат топката од опасната зона, таа дојде до Фернандес. Португалецот како вистински капитен на Манчестер реши да шутира и погоди за голема радост на гостите.

Манчестер јунајтед даде гол и во првото полувреме кога мрежата на домаќините ја затресе Скот Мектоминеј, но тој погодок беше поништен поради реакција од ВАР собата.

За Манчестер јунајтед ова е шести триумф сезонава и со 18 бодови сега се искачи на шестото место на табелата. Фулам остана со 12 бодови и тоа засега е доволно за 14 позиција на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести