Манчестер јунајтед ја прекина серијата порази, и со 1-0 вечерва славеше на гостувањето кај Барнли во дуел од Премиер лигата.
Единствениот гол беше ремек дело на Бруно Фернандеш. Голот погледнете го ТУКА.
Барнли нема ниту една домашна победа сезонава, напротив, реди само порази, па за Јунајтед овој меч дојде во вистински момент.
Џони Еванс првпат после 2015 година беше стартер кај Манчестер, првпат после десет години имаше асистенција.
Внимание предизвика и Бразилецот Касемиро, но не поради играта, туку поради ракавиците. Англиските фанови коментираат дека Барнли е студен град, но сепак уште сме септември, рано е за носење на „зимска опрема“.


