Манчестер јунајтед почнува преговори со Реал Мадрид за трансферот на Чуамени

Орелиен Чуамени е новата главна трансферна цел на Манчестер јунајтед за засилување на средниот ред, пренесува шпанскиот весник „АС“. Според изворот, англискиот клуб во наредните денови ќе започне преговори со Реал Мадрид за евентуален трансфер на францускиот репрезентативец.

Црвените ѓаволи се во потрага по долгорочна замена за Каземиро, а откако не успеаја да ги ангажираат Матеуш Фернандеш и Елиот Андерсон, вниманието целосно го насочиле кон играчот на Реал. Во меѓувреме, трансферот на Едерсон од Аталанта е во завршна фаза, но во Јунајтед не планираат да застанат само на едно засилување во средниот ред.

Според „АС“, Манчестер јунајтед е подготвен да испрати богата понуда за Чуамени, додека Реал Мадрид нема намера лесно да се откаже од својот фудбалер и ќе бара повеќе од 100 милиони евра за неговите услуги.

Односите меѓу двата европски гиганти традиционално се добри, а во последните години реализираа неколку големи трансфери. Во 2021 година Рафаел Варан се пресели на „Олд Трафорд“ за 50 милиони евра, а една година подоцна и Каземиро го напушти Реал Мадрид и потпиша за Манчестер јунајтед во трансфер вреден 72 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести