Манчестер јунајтед повторно се посрамоти, но ВАР ги спаси од пораз против Саутемптон (ФОТО)

Манчестер јунајтед одигра нова разочарувачка партија и само 1:1 против Саутемптон на домашен терен во првиот меч од 25-то коло од Премиер лигата.

Иако домаќините имаа одлично прво полувреме, каде што имаа целосна доминација и водство по првиот гол на Олд Трафорд на Џејдон Санчо во 21-та минута, не успеаа да направат поголема предност во однос на ривалот.

Домаќините во вториот дел, по којзнае кој пат, потфрлија и примија гол преку Че Адамс во 48-та минута, со тоа трет натпревар по ред, односно втор во Премиер лигата, Манчестер јунајтед не може да победи.

Гостите имаа за што да жалат бидејќи во 87-та минута, Хари Мегвајер го згазна напаѓачот на гостите, Александро Броја, но по одлука на ВАР, ваквата ситуација не беше окарактеризирана за пенал.

Со овој бод, тие стигнаа до бројката од 40 и се на делба на четврттото место со Вест Хем, но лондонските тимови Арсенал и Тотенхем се веднаш зад нив и тоа со по два, односно три натпревари помалку.

- Оглас -

Најнови вести