Манчестер јунајтед се договори со Санчо, играчот ќе добива над 17 милиони евра по сезона!

Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо во следните пет сезони треба да го носи дресот на Манчестер јунајтед. Според најавите од Германија и Англија, Санчо веќе ги договорил личните услови со англискиот гигант и сега е потребно само двата клуба да се договорат околу сумата за обештетување.

Германскиот весник Билд пишува дека Санчо ќе заработува 17,6 милиони евра по сезона, а договорот ќе биде до 2025 година. Борусија Дортмунд за својата ѕвезда бараше најмалку 100 милиони евра. Доколку Манчестер ја прифати таа сума, тогаш германскиот тим ќе има одлична заработка од овој фудбалер. Пред три години, Борусија плати само осум милиони евра за Санчо, а сега ќе го продаде за најмалку 100 милиони евра.

Санчо има само 20 години, но веќе има и 11 меча за англиската репрезентација. Со потписот за гигантот од „Олд Трафорд“, тоа ќе биде враќање за Санчо во Манчестер, но овојпат во црвениот дел од градот. Пред да дојде во Борусија, Санчо беше играч на Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести