Манчестер јунајтед слави, осум сезони чекаа ваква шанса

На фановите на Манчестер јунајтед најголемо задоволство им причинуваат победите на нивниот тим, но и поразите на ривалот Ливерпул, а вечерашниот пораз на актуелниот англиски првак има посебна сласт за навивачите на Црвените ѓаволи.

Доколку Манчестер јунајтед не загуби од Барнли на гостувањето на 12 јануари вечерта, тие ќе избијат на прво место на табелата. Во моментов Ливерпул и Јунајтед имаат еднаков број бодови, но Манчестер има еден меч помалку, па ако освојат еден или три против Барнли, тие ќе бидат нови лидери.

Манчестер јунајтед олку доцна во сезона не бил прв уште од сезоната 2012/13, кога освоија титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести