Манчестер јунајтед знаел и да победи против Лестер

Голот на Џејдон Санчо се покажа како единствен вечерва на дуелот Лестер – Манчестер јунајтед и со тоа му донесе три бода на својот тим.

За Јунајтед заврши серијата од четири лигашки пресметки против Лестер без победа иако Манчестер има една феноменална серија од даден барем еден гол на 27 средби по ред против Лисиците.

Црвените ѓаволи по очајниот старт на сезоната и двата порази, сега имаат низа од три победи по ред и веќе се петти на табелата по пет кола во Премиер лигата. Лестер е на дното и има најлош скор по пет кола од 1994 година наваму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести