Манчестер ќе треба да плати и 600.000 фунти за животот на Мурињо во хотел

Отказот на Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед, прескапо ќе го чини клубот од „Олд Трафорд“. Според договорот што го има, Мурињо ќе добие 24 милиони фунти, за кои едноставно нема потреба да ги одработи. Покрај таа сума, Манчестер ќе мора да плати и околу 600.000 фунти за престојот на Португалецот во хотел.

Иако му беше понудено да купи куќа во близина на тренинг-центарот, Мурињо се реши да живее во луксузниот хотел „Ловри“. Пресметано е дека таму поминал точно 895 денови, а дневен престој е 600 фунти. Тоа значи дека сметката само за престојот во хотелот е 537.000 фунти, плус користење минибар и останатите услуги кои ги нуди хотелот.

Едноставно, во изминативе две и пол години Мурињо и финансиски и резултатски го „изгоре“ најтрофејниот англиски клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести