Гвардиола ги надмина Сер Алекс и Клоп, а Манчестер сити израмни рекорд стар скоро 40 години (ФОТО)

Актуелниот првак на Англија, Манчестер сити, оствари нова лесна победа во Премиер лигата откако на домашен терен го совлада Лидс со 7:0.

На вечерашната средба, Граѓаните поставија нови рекорди кои досега се чинеше дека се недостижни.

Гвардиола ја надмина бројката од 500 погодоци откако седна на клупата на Манчестер сити, и тоа во 207-миот меч.

Со тоа го подобри рекордот на Јирген Клоп, кој до ова остварување стигна по 234 средби, како и легендарниот Сер Алекс Фергусон (254).

Головите ги постигнаа Фил Фоден (8′), Џек Грилиш (13′), Кевин де Брјне (32′, 62′), Ријад Марез (49′), Џон Стонс (74′) и Натан Аке (78′).

Воедно, Манчестер сити го израмни рекордот на Ливерпул стар 39 години со забележани 33 победи во една календарска година.

Несомнено е дека овој рекорд лесно ќе биде турнат, со оглед на тоа дека возбудувањата во Премиер лигата сега се зголемуваат, пред крајот на годината.

Со новите три, Манчестер сити дојде до бројата од 41 бод и има четири повеќе од второпласираниот Ливерпул, кој има и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести