Манчестер сити е моќен, ги победи Ливерпул, Арсенал и Челзи за финскиот вундеркинд (Фото)

Манчестер сити ја доби големата премиерлигашка битка за финскиот вундеркинд, Томас Галвес и веќе објави дека 16-годишното момче е нивни играч.

Галвес досега бешечлен на младинската акдемија на Ватфорд, но веќе се пресели во Манчестер сити, клуб што ќе се грижи за неговиот развој, но и очекува многу од него во иднина.

Во трката за ангажман на финскиот фудбаслки талент беа вклучени и Ливерпул Арсенал и Челзи, но Манчестер сити беше најбрз и најконкретен, па доби перспективен фудбалер.

Галвес игра на позицијата лев бек, но поради неверојатната техника може да игра на уште неколку места на теренот. Велат дека е меѓу најталентираните светски играчи на негивата возраст.

За почеток најавено е дека ќе игра за тимот на Сити до 18 години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести