Манчестер сити го доби снежното дерби

Манчестер сити со 2:1 славеше над Вест хем во меч од 13. коло во Премиер лигата. Сити сега има 29 бодови, колку што има и лидерот Челзи, кој игра дерби против Манчестер јунајтед. Вест хем остана на четвртото место со 23 бодови.

Илкај Гундоган со погодок во 33 минута го доведе Сити во водство од 1:0 и тој резултат беше до последните моменти од мечот. Во 90 минута, Фернандињо кој во игра влезе само три минути претходно, погоди за 2:0 за домаќините. Вест хем даде почесен погодок во 94 минута, но Чеканите немаа сила за да се спасат од пораз.

Домаќините беа перфектни во дуелите од 15 часот. Брентфорд минимално со 1:0 славеше над Евертон, а Лестер со 4:2 го победи Ватфорд. Џејми Варди со два гола и Џејмс Мадисон со еден гол и две асистенции беа најзаслужни за победата на Лисиците.

- Оглас -

Најнови вести