Манчестер сити го промовираше Дијас, иако на „Етихад“ беа подготвени да пречекаат друг играч (фото)

Манчестер сити плати 68 милиони евра за трансферот на Рубен Дијас од Бенфика. Португалскиот дефанзивец е последното големо засилување на Пеп Гвардиола со кое треба да ја зацврсти одбраната, меѓутоа на „Етихад“ беа подготвени да го пречекаат фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали.

Во веста за Дијас објавена на официјалната клупска веб-страница стоеја промоции за дрес на Кулибали, како и отворено интервју со навивачите. Администраторите направија голем пропуст, а тоа само докажува колку Граѓаните со нетрпение го чекаа Сенегалецот да се пресели во Манчестер, но на крајот мора да се задоволат со 23-годишниот сега веќе поранешен играч на Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести