Манчестер сити и Тотенхем пред 8.000 навивачи ќе се борат за куп-трофеј

Манчестер сити и Тотенхем на 25 април ќе се сретнат на „Вембли“ во финалето од Лига Купот на Англија, кое што ќе биде разубавено со пристуството на 8.000 навивачи на трибините.

Англиската фудбалска асоцијација доби дозвола од локалните власти да ги отвори портите од „Вембли“ и да пречека ограничен број на фанови кои ќе ги бодрат своите екипи во битката за куп-трофејот.

Граѓаните ќе се обидат по рекорден четврти пат во низа да го освојат Купот, додека Тотенхем на овој трофеј чека од сезоната 2007/08.

- Оглас -

Најнови вести