Манчестер сити конечно ќе има шанса да се бори за трофеј откако со две победи над Њукасл обезбеди пласман во финалето на англискиот Лига куп.
Граѓаните вечерва славеа со 3-1 пред своја публика, а пласманот во финалето воопшто не беше загрозен бидејќи имаа предност од 0-2 од првиот меч.
Омар Мармуш беше стрелец на два гола за Манчестер сити, а еднаш во листата со стрелците се запиша Тијани Рејндерс.
Граѓаните минатата сезона не освоија ниту еден трофеј, а во Лига купот ќе играат финале првпат по пауза од пет години. За Манчестер сити ова ќе биде јубилејно, 10-то финале во Лига купот, а имаат само еден пораз, и тоа во далечната 1974 година.
Финалето помеѓу Арсенал и Манчестер сити на „Вембли“ во Лондон ќе се одигра на 22 март.

