Манчестер сити како да крева раце од Меси, десетката му ја даде на Грилиш (Фото)

Џек Грилиш е нов член на Манчестер сити. Неговиот трансфер од Астон вила во редовите на англискиот првак е вреден околу 100 милиони фунти. Грилиш со Сити потпиша договор на шест години, а од клубот информираа дека 25-годишниот фудбалер ќе го носи дресот со бројот 10.

Со ова, веројатно пропаѓа можноста на „Етихад“ да дојде Лионел Меси, кој дефинитивно си заминува од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести