Манчестер сити се ослободи од играчот кој Граѓаните ги чинеше милион фунти по меч

Елијаким Мангала се покажа како вистинско промашување за Манчестер сити. Играчот чиј трансфер беше платен 42 милиони фунти, дојде од Порто во 2014 година. Иако се очекуваше да биде засилување, Мангала не се снајде меѓу Граѓаните. Токму затоа, Французинот доби дозвола да си замине од клубот иако има договор.

За пет сезони поминати во Сити, дефанзивецот одигра само 57 натпревари во Премиер лигата. Ако се пресметаат парите дадени за трансферот, плус 18 милиони евра кои Мангала ги заработи како плата, се доаѓа до 60 милиони евра кои Сити ги има потрошено за овој играч. Тоа значи дека за секој меч во Премиер лигата, Мангала бил платен по 1.052.632 фунти, односно речиси по 12.000 фунти за секоја минута поминати на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести