Манчестер сити за рекорден трансфер доведе англиски репрезентативец!

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон во следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити. Од редовите на англискиот гигант се пофалија дека е постигнат договор со тимот на Нотингем Форест каде досега настапуваше Андерсон.

„Манчестер Сити и Нотингем Форест постигнаа договор за трансферот на Елиот Андерсон“, соопштија од таборот на Сити.

Најавите се дека ова ќе биде рекорден трансфер во клупската историја на тимот од Манчестер. За заминувањето на Андерсон, Нотингем форест ќе инкасира неверојатна сума од 136 милиони евра (116 милиони фунти). Договорот е рекордна сума за британски играч.

Андерсон ќе потпише петгодишен договор со Манчестер Сити, со можност за продолжување за уште 12 месеци. Неговата плата на стадионот „Етихад“ ќе биде 300.000 фунти неделно.

Играчот за врска кој има 23 години, моментално е со Англија на Светското првенство и веќе ги помина медицинските прегледи во Канзас Сити. Трансферот ќе биде официјално завршен по неговото враќање во Англија.

- Оглас -

Најнови вести