Манчестерско дерби за престиж, Јуве ќе го оттргне Интер од титулата

Манчестер јунајтед – Манчестер сити (Премиер лига, 17:30ч)

Откако Пеп Гвардиола пред четири години застана на клупата на Сити, актуелниот англиски првак во сите три наврати бележеше победа на „Олд трафорд“ во мечевите од Премиер лигата. Граѓаните во трите гостувања успеваа да постигнат по два гола, што значи дека Оле Гунар Солскјер ќе треба добро да ја смисли тактиката за денешкото градско дерби кое ќе се игра за престиж.

Поточно, на Ѓаволите повеќе им е потребна победа со цел да ги одржат шансите за пласман во Лигата на шампионите, додека целта на Граѓаните е да се продолжи традицијата која ја почна шпанскиот стратег. „Театарот на соништата“ очекува драма, а нема сомнежи дека фудбалерите на двете екипи ќе ја приредат. Мал проблем за гостите е што Де Бројне најверојатно нема да настапи на овој меч, па ќе биде интересно да се види како Сити ќе се справи на теренот без најдобриот асистент во лигата.

Предлог тип: ГГ3+ (1.96)

 

Јувентус – Интер (Серија А, 20:45ч)

Најголемото италијанско дерби ќе биде сиромашно со отсуството на навивачите, но логично е портите на „Алијанц“ стадионот да бидат затворени поради ненормалното ширење на коронавирусот во земјата. Иако Јуве ќе мора да се избори за триумф без нивниот „12-ти играч“, актуелниот бранител на титулата ќе се потпре на традицијата против ривалот во дуелите кои се одиграа на домашен терен во минатото.

Од 2012 година Интер не знае за триумф во Торино, а Јуве во четири од претходните шест средби издвои победа, додека во два наврати се случи поделба на бодовите. Старата дама со евентуален триумф ќе оствари двојна овосезонска победа над Нероаѕурите, со кој ќе го оддалечат миланскиот гигант од шампионската трка.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.07)

 

Челзи – Евертон (Премиер лига, 15ч)

Дуелите меѓу Челзи и Евертон ретко кога разочаруваат, а со помош на екстренерот на Сините Карло Анчелоти, тимот од Мерсисајд ќе се обиде да го продолжи позитивниот биланс против составот на Лампард и да ја запише третата победа во низа во меѓусебните дуели. Челзи пак се соочува со големи проблеми со отсуство на неколку клучни играчи поради повреди, во аут се Абрахам, Ковачиќ, Канте, Жоржињо е суспендиран, а под знак прашалник се настапите на Вилијан и Пулишиќ.

Без разлика на тие проблеми, Челзи ќе се обиде да му го расипе враќањето на Анчелоти на „Стемфорд бриџ“, кој ги водеше Сините од 2009 до 2011 година и им донесе титула во Премиер лигата и трофеј во ФА купот.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.60)

 

Лил – Лион (Лига 1, 21ч)

Пораз на Лион на гостувањето кај Данските доги ќе значи дефинитивно откажување од пласманот во Лигата на шампионите. Лавовите се на седмото место по 27 првенствени натпревари со 40 бода, Лил има шест повеќе и води битка со Рен за третата позиција преку која се обезбедува учество во квалификациите од елитното европско натпреварување.

Последните две средби кои се одиграа на „Пјер-Мору“ завршија со идентични 2-2, додека Лион како гостин на Лил има само еден триумф во последните 12 години. Триумф на Лил ќе значи добивање на сезонскиот двомеч, бидејќи во декември минатата година прославија победа на гости со минимални 1-0.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.0)

 

Бетис – Реал Мадрид (Ла Лига, 21ч)

Барселона се врати на врвот на табелата со контроверзната победа против Сосиедад, што значи дека за Кралевите триумф на гостувањето на „Бенито Вилјамарин“ е единствена опција. Сепак, гигантите понекогаш знаат да потклекнат пред андалузискиот тим, но во последно време Реал по убаво ги памети екскурзиите во Севилја.

Составот на Зидан има три последователни победи против Бетис во улога на гости, од кои два од нив се убедливи со резултати од 5-3 и 6-1. првата пресметка сезонава заврши без голови во Мадрид, така што Кралевите ќе се потрудат да го надополнат тој недостаток на учинок.

Предлог тип: 2 & T22+ (2.10)

- Оглас -

Најнови вести