Мане до соиграчите: Цел Сенегал е горд на вас

Најдобриот сенегалски фудбалер Садио Мане поради повреда не можеше да игра на Светското првенство во Катар, а африканскиот првак без него стигна до осминафиналето, каде што беше елиминиран од Англија.

Сенегалците синоќа при резултат 0-0 имаа две убави шанси, но не ги искористија, а потоа до крајот на првото полувреме примија два гола, кои најавија дека тука е крајот на нивното мундијалско патување.

Мане има само убави зборови за своите колеги.

„Луѓето во Сенегал се многу горди на вашата игра на Светското првенство. Ги освоивте срцата на сите Сенегалци поради дигнитетот со кој ги браневте боите на нашиот национален тим“, напиша Мане на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести