Мане се фали: Јас кога играм, тоа е како празник во Сенегал, никој не работи

Новиот напаѓач на Баерн Минхен, Садио Мане, им се пофали на Германците колкава е неговата популарност во родниот Сенегал.

„Кога играм јас, никој во Сенегал не работи. Тоа е како празник. Сите ме гледаат на телевизија. Сега откако дојдов во Минхен, секогаш кога ќе игра Баерн, никој во Сенегал нема да работи“ – вели Мане.

Сенегалецот го напушти Ливерпул и со Баварците потпиша договор до 2025 година, па се надева дека во овие три години со Баерн ќе ги освои сите можни трофеи на клупска сцена.

- Оглас -

Најнови вести