Мане: Уште кога играв за Салцбург, ги следев мечевите на Баерн, ми се допаѓа клубот (Фото)

Сенегалската фудбалска ѕвезда Садио Мане денеска и официјално го стави својот потпис на тригодишниот договор со Баерн Минхен, а во својата прва изјава како член на баварскиот гигант рече дека секогаш му се допаѓал овој клуб.

„Ова за мене беше вистинско време за ваков предизвик. Среќен сум што дојдов во Баерн, клубот долго време се интересираше за мене. Сакам да направам многу успеси со клубот и во Германија и во Европа. И кога бев во Салцбург, често ги следев мечевите на Баерн, секогаш ми се допаѓал овој голем клуб“, рече Мане.

- Оглас -

Најнови вести