Мареј е опасен со контролер во рака: По Надал, го збриша и Зверев на виртуелниот турнир (видео)

Енди Мареј, поранешниот прв светски рекет, е вистинска сензација на виртуелниот тениски турнир АТП Мадрид. Британецот се пласира во полуфиналето од турнирот откако претходно го совлада еден од фаворитите, Рафаел Надал, а денес го надигра и Александер Зверев за пласман во топ 4.

Рекетот го замени со контролер и со помош на конзолата PS4, преку која се игра симулацијата, е на пат да биде шампион на турнирот кој во нормални услови го освојуваше во 2008 и 2015 година. Мареј може да биде првиот тенисер во историјата кој го освоил турнирот во три различни верзии, на тврда подлога, на земја и сега виртуелно.

На 30 април, во битка за финалето ќе игра против Диего Шварцман, а потенцијални противници во финалето се Циципас и Гофан.

- Оглас -

Најнови вести