Мареј како Лукаку, претпоставува дека имал корона-вирус

Енди Мареј претпоставува дека веќе бил заразен со корона-вирус и го прележал без да знае откако неколку денови во март се чувствувал многу лошо.

„Бев болен неколку денови, отприлика пред еден месец. Тоа беше перидот пред да се прогласи карантин, а, за среќа, не излегував од дома и се изолирав од контакти со други луѓе. Ги имав сите симптоми што наведуваат дека е корона-вирус“, изјави шкотскиот тенисер.

Слична изјава имаше и Ромелу Лукаку, кој предизвика вистински земјотрес со изјавата дека во март, за време на мечот меѓу Интер и Калјари, 23-ца од 25-мина фудбалери на Нераѕурите имале симптоми слични на опасниот вирус.

Мареј во интервјуто за Си-ен-ен вели дека е скептик за брзо враќање на тенисот во нормала, а дури претпоставува дека тоа ќе биде еден од спортовите што најдоцна ќе продолжи со натпреварувања.

„Тенисот е специфичен и во краток рок имате многу патувања од земја во земја бидејќи турнирите се играат секоја недела без застој. Имате играчи, нивни тимови и тренери кои доаѓаат од различни држави, па ќе биде тешко да се држи темпо во услови кога владее епидемија со ковид-19. Не очекувам пред септември воопшто да има тениски турнири“, додаде Мареј.

 

- Оглас -

Најнови вести