Марез даде чудесен гол за Алжир (Видео)

Зимбабве и Алжир ремизираа 2:2 во меч од квалификациите за Купот на африканските нации, а потегот на мечот го имаше Ријад Марез. Капитенот на Алжир и ѕвезда во тимот на Манчестер сити во 38-мата минута покажа мајсторија која вреди да се погледне.

Со голот на Марез, Алжир поведе со 2:0, но Зимбабве не се предаде и до крајот на дуелот успеа да стигне до 2:2 и освои бод. По овој резултат, Алжир остана лидер со 10 бодови, пет повеќе од второпласираниот Зимбабве, додека Боцвана има четири, а Замбија само три бода.

 

- Оглас -

Најнови вести