
Кулминацијата на Светското првенство започнува вечерва, со почеток на четвртфиналните пресметки, а прв на програмата е дуелот меѓу Франција и Мароко. Ова е дуел на две селекции за кои уште пред почетокот на Мундијалот се најавуваше дека ќе одат далеку на турнирот.
Франција играше финалиња на последните две Светски првенства во Русија 2018 стана шампион, а загуби од Аргентина четири години подоцна во Катар, додека Мароко ќе се обиде да стане првата африканска репрезентација која би се пласирала во полуфинале, и тоа двапати по ред на планетарните собири.
На СП 2022 во Катар, Мароко играше во полуфиналето и беше сопрен токму од Франција, кога загуби со 2:0. Сега навивачите на Мароко се оптимисти дека тие ќе бидат оние што ќе се радуваат по завршувањето на вечерашниот меч на „Жилет стадионот“ во Бостон.
Како загревање на дуелот, мароканските навивачи синоќа се собраа на Централ парк во Бостон и направија одлична атмосфера. Црвената боја доминираше, а имаше навивачи буквално од најмала возраст, па сè до највозрасните кои можеа да бидат дел од оваа „фешта“.
Едноставно, мароканските фанови направија атмосфера за уживање.

