Марота го потврди очигледното: Меси не би потпишал за Интер ниту на „фантази фудбал“

Бепе Марота, оперативецот на Интер, по вечерашниот триумф против Џенова, мораше да одговори на едно незгодно прашање околу Лионел Меси.

Пред неколку дена се појавија информации дека таткото на мегаѕвездата на Барселона купува куќа во Милано, па така се го поврзаа Арентинецот со евентуална преселба на „Џузепе Меаца“. Марота ги демантираше лудите шпекулации.

„Шпекулациите кои го поврзаа Меси со нас апсолутно се глупости. Немојте да верувате во лажни вести, Меси не би потпишал за Интер ниту на „фантази фудбал“, истакна Марота.

- Оглас -

Најнови вести