Марсело денеска слави 33-ти роденден, Зидан му „честита“ со неповикување за утрешниот меч

Реал Мадрид со само четворица дефанзивци ќе замине на гостувањето кај Гранада, од кои едниот е ровитиот Алваро Одриозола, а другиот е младинецот Мигел Гутиерес. Марсело иако тренираше нормално во текот на денот, сепак не е ставен на листата за утрешниот меч кој е многу значаен за Реал во битката за титулата.

Марсело денеска наполни 33 години, па вечерва ќе може да си прослави, бидејќи нема да оди на патување туку утрешниот натпревар ќе го гледа од дома. Марсело беше стартер на претходниот меч со Севилја, но беше повлечен од игра и веројатно Зинедин Зидан нема потреба од од играч кој не е подготвен да трча 90 минути.

Реал се бори со големи проблеми со повреди, одбраната им беше комплетна на само шест меча сезонава, а за дуелот со Гранада ќе фалат дефанзивците Рамос, Варан, Менди, Марсело, Карвахал и Лукас Васкес. Ова значи дека ќе мора да играат некои од младинците кои се освежување во тимот.

- Оглас -

Најнови вести