Март е убав месец за Гостивар, прецртан и Пелистер

Гостивар убедливо славеше на гостувањето кај Пелистер со конечни 69:97. Во мечот од 20-тото коло во Првата лига на Македонија, кошаркарите на Србиновски го остварија петтиот последоветелен триумф, односно цел месец март се без негативен резултат. Со оваа победа Гостивар се искачи на втората позиција на табелата со вкупно 13 победи и пет порази. Екипата од Битола го претрпе 14-от пораз во тековната сезона.

Уште по првата четвртина гостиварци осигураа предност од +10, а во ист ритам продолжија и до паузата. Дилемите околу победникот во оваа средба беа речиси решени пред почетокот на последните 10 минути, но Гостивар и покрај двоцифрената предност „запна“ и го зададе последниот удар, а четвртиот период го добија со 31-18.

Димчевски беше најефикасен во редовите на гостинската екипа со 20 поени и пет асистенции, по 15 додадоа Костоски и Трајковски. Кај поразените, најрасположен играч беше Билер со 30 поени, а му недостасуваше еден скок за двоен учинок.

- Оглас -

Најнови вести