Масовно се одложуваат денешните мечеви во најсилните лиги!

Дуелот од германското првенство меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн беше првиот за кој се знаеше дека денеска нема да се одигра. Причина за одложување на средбата од германската Бундес лига е големото невреме кое го зафати тој дел од Европа.

Ураганот Сабине напаѓа опасно, дува силен ветер со над 100 километри на час, па нема идеални услови за игра во Менхенгладбах, каде требаше да играат соседите Борусија и Келн. За да се задржи безбедноста, беше решено дуелот да не се одигра.

Оваа одлука, како да беше поттик да почнат масовно да се одложуваат мечеви во Западна Европа. Во Холандија веќе се одложени средбите од првата лига меѓу: Утрехт – Ајакс, Аз Алкмар – Феенорд, Спарта Ротердам – Ден Хаг и Емен – Твенте, а истото се случи и во Белгија па денеска нема да играат Стандард Лиеж – Бриж, Антверпен – Генк и Беверен – Кортријк.

Одложени се и други мечеви од пониските лиги. Едноставно силниот ветер и лошото време се опасност за гледачите, па одлучено е да не се одиграат овие средби.

 

- Оглас -

Најнови вести