Германскиот економист и математичар, Јоаким Клемент, ја потресе фудбалската јавност со своето предвидување за победник на претстојното Светско првенство.
Кога предвиде дека Германија ќе стане светски шампион во 2014 година, малкумина го сфатија сериозно. Четири години подоцна, неговата формула ја покажа Франција како иден шампион, а потоа и Аргентина пред Светското првенство во Катар. По три последователни погодоци, Клемент стана вистинска атракција меѓу љубителите на статистиката и фудбалот.
Британската Би-би-си посвети посебна сторија на неговиот модел, кој не ги анализира само резултатите на теренот. Клемент во равенката фрла економски и демографски индикатори, рангирање на ФИФА, население, климатски услови, па дури и факторот среќа. Според неговите проценки, околу 55 проценти од успехот на Светското првенство може да се објасни со статистика, додека остатокот зависи од непредвидливи околности. Овојпат неговата победничка формула ја гледа холандската репрезентација, која никогаш не го освоила Светското првенство и покрај тоа што трипати играла во финалето.
Клемент предвидува дека Лалињата ќе ја победат Португалија во финалето и конечно ќе го добијат трофејот што им бегаше со децении.
Уште поинтересни се неговите прогнози за другите фаворити. Според симулациите, Аргентина би била елиминирана во четвртфиналето, додека Бразил би можел да доживее шокантен пораз од Јапонија во нокаут-фазата.
Според квотите во Sport Life, Холандија е осми фаворит за титулата, зад Шпанија, Франција, Англија, Аргентина, Бразил, Португалија и Германија.

