Матеус: Меси треба да се пресели во Германија, и пасош ќе му дадеме

Поранешниот долгогодишен капитен на германската репрезентација, Лотар Матеус, кој во 1990 година како ривал на Диего Марадона, беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, го пофали сегашниот носител на „Златната топка“, Лионел Меси, и со задоволство би сакал да го види Лео да игра во Германија.

„Ако вие во Аргентина не го цените доволно, тогаш нека дојде во Германија, ние ќе му дадеме пасош, со задоволство ќе го пречекаме со раширени раце“ – се пошегува Матеус во интервју за аргентински медиум.

„Би бил среќен ако Меси заигра во Бундеслигата. Искрено се радувам што фудбалот го има Меси. Тој е добар играч и добра личност. Во Аргентина наместо да бидете среќни што сте ги имале Марадона и Меси, се расправате кој бил подобар. Ве молам да престанете, тие се двајца од најдобрите во историјата“ – вели Матеус.

Меси има 34 трофеи со Барселона, но ниту еден со сениорската репрезентација на Аргентина, па затоа некогаш е мета на критики во родната земја.

- Оглас -

Најнови вести