Маурицио Сари слета во Торино, претставувањето утре во 11 часот

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, со приватен лет слета на аеродромот „Казеле“ во Торино, а утре во 11 часот ќе биде претставен пред медиумите како нов тренер на италијанскиот шампион.

Бившиот тренер на Емполи, Наполи и Челзи откако пристигна на аеродромот, замина во хотел. Откако ќе ја заврши обврската кон новинарите, уште утре се очекува да летне во Грција, каде што Сари треба да се сретне со големата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо. Португалецот е таму на одмор.

Сари парафираше договор со Јувентус до летото 2022 година, а на функцијата го наследува Масимилијано Алегри.

 

- Оглас -

Најнови вести