Мбапе го уценил Реал, налето доаѓа во Мадрид под услов Кралевите да го ангажираат и неговиот пријател

Со завршувањето на зимскиот преоден рок на 31 јануари, веднаш започна ново продолжение од сагата Килијан Мбапе во Реал Мадрид и најновата вест е дека Французинот е подготвен да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ под еден услов.

Медиумите пишуваат дека Мбапе им поставил ултиматум на челниците на Реал Мадрид – налето ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ ако Кралевите во исто време го купат и неговиот голем пријател, Ашраф Хакими.

Интересно е што Хакими беше член на Реал Мадрид до 2020 година, кога беше продаден на Интер и само по една година во Милано, се пресели во ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести