Мбапе разочаран: „Сега сум дури четврти избор за напаѓач во Реал Мадрид“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, зборуваше пред медиумите по победата од 2:0 над Овиедо на „Сантијаго Бернабеу“. Францускиот репрезентативец беше жестоко исвиркан од навивачите при влегувањето во игра.

„Жал ми беше што не играв на Ел Класико. Таков е животот. Не можеме да го смениме мислењето на луѓето. Тоа е нивен начин и не го сфаќам лично. Во кариерата сум имал моменти кога ме исвиркувале. Тоа е дел од фудбалот и животот. Понекогаш не се задоволни, но секогаш се тука“, изјави Мбапе.

„Кога не бев во Мадрид, имав дозвола од клубот. Не бев единствениот, но морам да го прифатам тоа и да продолжам понатаму. Лесно можам да ја сменам оваа ситуација“, додаде тој за патувањето во Италија.

„Добро сум, 100%. Не играв бидејќи според тренерот, бев четврта опција во нападот зад Франко Мастантуоно, Винисиус и Гонзало Гарсија. Бев подготвен да бидам стартер, но тоа е негова одлука и мора да се почитува. Не сум лут.“

„Со Алваро Арбелоа немам никаков проблем. Треба да го почитуваме. Мора да ја прифатиш филозофијата на тренерот, а јас треба да бидам подобар за да играм пред Вини, Гонзало и Мастантуоно. Не ги следам прес-конференциите на тренерот. Дома имам француска телевизија, не шпанска“, продолжи тој.

„Многу сум среќен во Мадрид. Зошто би сакал да заминам?“

Флорентино Перес е најдобриот претседател во светот и во историјата на клубот. Чест ни е што го имаме“, заврши Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести