Ме заболе за победата, дадов 60 против Коби!

Гилберт Аренас своевремено беше еден од најопасните поентери во НБА-лигата, a најголемиот дел од кариерата го помина во редовите на Вашингтон визардс. Иако не стигна да освои шампионски прстен, Аренас беше доста атрактивен за гледање, а блескав момент во кариерата дефинитивно му е животната партија против Коби Брајант и ЛА лејкерс.

Волшебниците гостуваа во Лос Анџелес, каде што славеа против Лејкерси со 147:141 по продолженија, а Аренас придонесе со неверојатни 60 поени. Ретко кој играч може да се пофали дека во „Стејплс центарот“ постигнал 60 или повеќе поени, а да не е играч на 16-кратниот првак.

„По натпреварот, во неверување си реков: вау, постигнав 60 поени против Црната Мамба, а тренерот додаде: И победивме… За*би ја победата, кому му е грижа за победата, јас дадов 60 против Коби. Ме заболе дали сме победиле или загубиле, му забив 60 поени на Брајант. Ниту ме засегаше колку беше крајниот резултат“,изјави Аренас.

- Оглас -

Најнови вести