Меч-топка за титула во Германија – Баерн ќе слави во големото дерби

Панче Ќумбев нема дилеми и типува дека Баерн ќе ја освои седмата титула по ред во Германија, а победата против „милионерите“ од Дортмунд во големото бундеслигашко дерби, според него, ќе биде зачинета со најмалку два гола во мрежата на гостите. Викенд-тикетот со пет предлози на нашиот поранешен репрезентативец е со пет победи на домаќините.

 

Јагелонија – Заглебје Сосновјец (сабота, 15.30 часот)   

Иако е во лоша серија, домаќинот е поквалитетен од гостинот и верувам дека ќе ја прекине серијата од три натпревари без победа.Типувам единица.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

Јувентус – Милан (сабота, 18 часот) 

Дербито овој викенд во Калчото се игра во Торино. Јувентус е фаворит и не верувам дека Милан може да изненади. Едноставно, немаат сила за такво нешто. Типувам победа на домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Баерн Минхен – Борусија Дортмунд (сабота, 18.30 часот)   

Ова е можеби одлучувачки натпревар за титулата во Бундеслигата. Двата најголеми ривали во меѓусебен дуел одлучуваат за првото место.
Иако Баерн не е оној вистинскиот, верувам во победа заради поискусната екипа и поширокиот ростер на играчи. Мислам дека ќе биде единица најмалку со два гола во мрежата на гостинот.

Предлог тип: 1&Т1 (1.73)

 

Погоњ Шчецин – Арка Гдиња (недела, 15.30 часот)  

Овде исто така домаќинот е фаворит затоа што има подобар тим и затоа што традицијата кажува дека Арка не памети кога последен пат победила во Шчецин. Едноставно, Погоњ е доминантен во дуелите со Арка.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Селта Виго – Реал Сосиедад (недела, 18.30 часот)   

Селта е во незавидна ситуација и мора да победува доколку сака опстанок. Сосиедад е незгоден тим и се бори за горниот дел од табелата, но домаќинот нема избор. Само победа им е опција.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести