Мечот меѓу Барселона и Јувентус ќе застане во 10-тата минута!

Барселона утре ќе игра против Јувентус на „Камп Ноу“ во меч од Гампер купот. Тоа е меч со кој Барселона традиционално го најавува стартот на новата сезона. Оваа сезона ќе биде посебна, ќе биде без Лионел Меси.

По речиси две децении со Меси во дресот на Барселона, каталонскиот гигант ќе ја почне сезоната без Аргентинецот. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека клубот нема финансиска моќ да го задржи Меси, па следната дестинација за шесткратниот освојувач на Златната топка, најверојатно ќе биде Пари Сен Жермен.

Навивачите на Барселона најавуваат дека утрешниот меч на „Камп Ноу“ треба да биде сопрен во 10-тата минута, кога сите треба да му оддадат почит на Меси. Аргентинецот додека беше во Барселона освои преку 30 трофеи во сите најсилни натпреварувања.

Меси утре ќе има прес конферекнција и ќе открие детали за тоа што се случило околу пропаѓањето на договорот со Барселона и дали ќе потпише за ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести