Медиумот кој најмногу го критикува Азар сега го враќа назад во Челзи

Шпанскиот медиум „Ел Чирингито“ тврди дека Еден Азар побарал од управата на Реал да му се изготви трансфер назад во Челзи. Белгиецот наводно смета дека неговото место во тимот е под закана со најавениот трансфер на Килијан Мбапе.

Најмногу и најтешки критики на адреса на Азар доаѓаат токму од овој меидум, особено го нападнаа по полуфиналниот двомеч против Сините во ЛШ, по кој Реал отпадна, а Азар не беше претерано разочаран околу тоа.

Претходно се шпекулираше дека и Реал планира да се ослободи од белгискиот офанзивец за кого плати огромни 150 милиони евра, а не доби ништо за возврат, што значи дека сè поизвесна е разделбата меѓу двете страни.

Ако слабите партии и честите повреди не се доволна причина за Еден Азар да биде прогласен за тотално промашување на Реал Мадрид, еве уште еден доказ.

Белгиецот ги чини Кралевите 40.000 евра за секоја одиграна минута во овие две сезони откако го облече белиот дрес, при тоа забележа екстремно скромен учинок од само пет гола и осум асистенции во 43 настапи. Ова е потврда дека Азар е само бледа сенка од она што беше во Челзи, па прашање е дали со евентуалното враќање на „Стемфорд бриџ“ би можел да си ја воскресне кариерата.

- Оглас -

Најнови вести