Медведев: Мислам дека со Новак веќе никогаш не треба да тренираме заедно!

Рускиот тенисер Данил Медведев по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерс турнирот во Париз, на „Инстаграм“ се пошегува и порача дека можеби веќе нема потреба да тренира со најдобриот на светот. Пред почетокот на турниров, Медо и Ноле имаа заеднички тренинг, на којшто веројатно првиот светски рекет му забележа некои слабости на второрангираниот на светот и го искористи тоа.

„Мислам дека не треба веќе да тренираме заедно“, напиша Медведев со додавање на „смешко“ за да покаже дека се шегува.

Инаку, веднаш по поразот, Медо рече дека сакал да победи, но Ѓоковиќ бил неописливо силен и посака уште многу вакви дуели, на кои тој би победувал барем со секој втор.

 

- Оглас -

Најнови вести