Медведев: Мразам да играм на земја, ми пречи што ми се валкаат патиките и опремата!

Познато е дека рускиот тенисер Данил Медведев не сака да игра на земјена подлога и дека на најбавната подлога има најлоши резултати, но не се очекуваше дека ќе испадне уште во првото коло на „Ролан Гарос“ во Париз, особено што неодамна го освои Мастерсот во Рим, каде што исттака се играше на земја.

По поразот од Бразилецот Тијаго Вајлд, Медо даде интересна изјава во која кажа што му пречи најмногу кога игра на земјена подлога.

„Ако Тијаго продолжи вака, до крајот на годинава ќе влезе во топ 30. Мечот нема да го гледам повторно. Среќен сум што завршува сезоната на земја. Победив во Рим, но мразам да играм на земја, не сакам кога ми се валкаат опремата и патиките. На некои не им пречи тоа, но мене ми пречи“, изјави Медведев.

- Оглас -

Најнови вести