Медведев откри дека Ѓоковиќ му бил инспирација да се врати во игра, а публиката збесна (Видео)

Данил Медведев на неверојатен начин успеа да се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако по четири и пол часа игра, со 3:2 во сетови го победи Феликс Ожер Алијасим.

Русинот губеше со 2:0 во сетови, противникот имаше и меч-топка, но Медведев не само што успеа да ја спаси таа топка, туку на крајот направи и пресврт и победи со 3:2. Ова е само вторпат во кариерата Медведев да победи на меч на кој губел со 0:2 во сетови.

По дуелот, Русинот пред цела публика откри како успеал да се врати во игра и го спомна името на Новак Ѓоковиќ, што наиде на негодување кај гледачите на трибините. Потоа, кога Медведев ги спомна и Надал и Федерер, гледачите дадоа аплаузи, со што покажаа кое е нивното мислење за Србинот.

„Се запрашав што ќе направеше Новак да е на мое место. Тој е голем шампион кој многу често бил во вакви ситуации“, рече Медведев, а откако публиката почна да негодува, Русинот додаде „Тука се и Надал и Федерер, и тие двајца се големи шампиони“, а публиката даде аплаузи и овации за имињата на Шпанецот и Швајцарецот.

https://twitter.com/i/status/1486332992595415042

- Оглас -

Најнови вести