Медведев покажа колку се „потресе“ за финалето на Вимблдон (Видео)

Најдоброрангираниот тенисер во светот во моментов, Данил Медведев немаше можност да игра на Вимблдон. Поради баналната одлука на организаторот да не смее да играат тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија, Медведев остана надвор од овој гренд слем турнир.

Русинот беше тивок во текот на целиот турнир, а вчера со видео на социјалните мрежи покажа колку бил заинтересниран за ова издание на Вимблдон. Во 15 часот кога започна финалето меѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос, во Австрија се возеше и трка од Формула 1 шампионатот, па Русинот наместо да гледа тенис, ужива во Ф1 возбудувањата со коментар „Совршена недела“.

- Оглас -

Најнови вести