Медведев прв до полуфинале, ја сопре холандската сензација во Њујорк

Данил Медведев за првпат загуби сет на САД опен, но ќе игра во полуфиналето во Њујорк по победата од 3:1 против Ботик Ван Де Зандшулп, кој беше една од најголемите сензации на последниот гренслем во сезоната.

Рускиот ас досега победуваше без загубен сет, а неговиот врсник, 25-годишниот тенисер од Венендал успеа да му одземе еден сет, иако загуби со 3:6, 0:6, 6:4, 5:7.

Медведев во 2019 година играше во финалето на САД опен, но загуби со 2:3 во драматично финале од Рафаел Надал. Ван Де Зандшулп играше за првпат во четвртфинале на гренслем турнир и е само третиот тенисер во историјата на САД опен што од квалификации се пробил меѓу осумтте најдобри тенисери на турнирот во Њујорк.

Пред него таков подвиг приредија само Николас Ескуде во 1999 година и Жил Милер во 2008 година.

Медведев ќе игра за финале против подобриот од четвртфиналлниот меч меѓу Ожер-Алијасим и Алкарас.

 

- Оглас -

Најнови вести