Медведев жестоко се скара со публиката во Торино, па го обезбеди второто место за 2021

Данил Медведев со тешката победа против директниот ривал Александер Зверев, на завршниот АТП Мастерс во Торино си го обезбеди второто место на АТП-листата на крајот на годината.

Медведев победи со 6-3, 6-7, 7-6 во меч кој траеше повеќе од два и пол часа. Рускиот тенисер влезе во конфликти со публиката во Торино, која навиваше за Зверев. Медведев се лутеше што публиката бурно реагираше кога Зверев дојде до сет топка во тај-брејкот од вториот сет. Медо на гледачите им покажа и спуштен палец кога тие го исвиркаа по еден престап при сервис.

- Оглас -

Најнови вести