Meга испрати уште еден играч во НБА-лигата

Српскиот претставник во АБА-лигата испрати уште еден играч од своите редови во НБА-лигата. Дваесетгодишниот француски бек Адам Мокока потпиша двонасочен договор со Чикаго булс, како шанса да игра и во развојната Г-лига, во тимот на Винди сити булс.

Ова го потврди неговиот агент Мишко Ражнатовиќ. Мокока успеа да најде ангажман во најсилната кошаркарска лига откако лани се повлече од драфтот, а во дресот на Мега беше меѓу поефикасните играчи со просек од 11,2 поени по натпревар во јадранската лига.

Мега во текот на изминативе неколку години испрати неколку играчи во НБА-лигата, од кои еден од нив стана мегаѕвезда. Никола Јокиќ е лидер на Денвер, останатите се Ивица Зубац, Тимоти Луваву и Гога Битадѕе, кој минатата сезона беше позајмен на Будуќност.

- Оглас -

Најнови вести