Мегапобеда на МЗТ против директен ривал од АБА лигата

МЗТ Скопје Аеродром го победи Мега Мис со 94-82 во меч од АБА-лигата. Ова за македонскиот првак е втора победа во јадранската лига сезонава.

Штрковите одиграа одличен тимски натпревар, седуммина различни кошаркари имаа двоцифрен број поени. Солидно деби имаше центарот Бурсаќ, кој уфрли 11 поени за 17 минути на паркетот.

Со оваа победа, МЗТ го избегна последното место на табелата и се изедначи со вечерашниот противник, кој исто така има две победи и шест порази по осум одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести