7.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Мегваер непробоен ѕид пред Онана, Манчестер јунајтед растура во Лига купот

Манчестер јунајтед за првпат од мај наваму победи со три гола разлика, а жртва на Црвените ѓаволи беше Кристал палас во дуел од Карабао лига купот на Англија, натпреварување во кое Јунајтед е бранител на титулата.

Со головите на Гарначо, Касемиро и Марсијал, Јунајтед со победа од 3-0 без проблем се пласира во осминафиналето.

Добра партија прикажа и Мароканецот Софијан Амрабат, кој конечно е здрав и почна да покажува што може да му донесе на својот нов тим, а како ретко кога во последните сезони, Манчестер не прими гол со Хари Мегваер на терен. Мегваер го одигра целиот меч и не направи кикс по кој тимот ќе прими гол.

- Оглас -

Најнови вести