Мејведер нокаутиран, и тоа на кошаркарски терен (Видео)

Боксерскиот шампион Флојд Мејведер доживеа да падне на земја, но не во некој бокс-меч, туку играјќи кошарка со пријатели. Човекот кој на баскет успеа да го фрли Мејведер на земја се вика Лери Вилијамс и познат е по прекарот Собирач на коски, бидејќи со своите одлични дриблинзи на уличните партии баскет често им ги „крши зглобовите“ на чуварите.

Сите кои присуствуваа во салата беа воодушевени од потегот на Вилијамс и што беа сведоци на едно паѓање на Мејведер, бидејќи кога боксува, речиси никогаш не бил на земја. Славниот боксер откако сфати што го снајде, од лежечка положба можеше само да се насмее.

- Оглас -

Најнови вести