Мемфис Депај на аеродромска писта го најави својот трансфер (Видео)

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај во следната сезона се враќа во Премиерлигата и би можел да го облече дресот на Ливерпул. Гласините за преминот на Депај од Лион во Ливерпул ги засили самиот фудбалер, кој му се заблагодари на својот досегашен клуб, објавувајќи клип на кој е облечен во црвена боја, а и авионот со кој се подготвува да летне, е обоен во црвено.

Црвената боја е клупската боја на Ливерпул, а 25-годишниот Мемфис кој во минатото играше за Манчестер јунајтед, сега би можел да се врати во Англија. За разлика од времето кога беше во Јунајтед, Депај сега е многу подобар и позрел (сезонава имаше 12 гола и 15 асистенции), па затоа и финалистот во Лигата на шампионите се интересира за него.

Во Ливерпул, на Депај не би му било гарантирано местото во почетниот тим, но ќе има простор за докажување кога Јирген Клоп ќе сака да ги одмори Салах или Мане, па и Фирмино. Депај е близок пријател со Вајналдум и Ван Дајк кои му се сонародници и играчи на „црвените“, па затоа се смета дека тој е пред премин во Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести