Мемфис против Кралевите ќе се обиде да ја прекине мини серијата од два порази, а се очекува нова победа на Бостон

Вечерва се играат седум натревари во НБА-лигата за кои Sport Life подготви одлична понуда со 155 различни игри. Освен на конечен исход, може да се игра на вкупно поени, на разни хендикепи, поени во секоја четвртина, Т1 и Т2 и уште многу разновидни игри.

Вечерва екипата на Мемфис гризлис ќе се обиде да ја прекине мини серијата од два порази по ред кои ги доживеа на гостувањата кај ЛА лејкерс и Феникс, и тоа во главниот град на Калифорнија.

Гризлите, кои се втори на Западот, му гостуваат на Сакраменто кинг, кој е веднаш зад нив со скор 26-19, кој исто така загуби на последниот натпревар против Филаделфија (127:129).

Мемфис пред двата порази, беше во серија дури од 11 победи, и тоа благодарение на одличниот Џа Морант, кој е десетти најдобар стрелец во НБА-лигата со просек од 27,2 поени и токму бекот е главниот адут за враќање на победничките патеки.

Лидерот на Истокот, Бостон селтикс, моментно е тимот кој се наоѓа во најдобра форма со девет победи во низа, а вечерва му гостува на Орландо меџик.

Уште една интересна пресметка се очекува да биде таа меѓу Чикаго булс и Атланта хоукс бидејќи тие се во трка за позициите што обезбедуваат пласман во плејофот на Истокот.

Посебно интересни за обложувачите што внимателно ја следат НБА-лигата е понудата со кошаркари за индивидуални тотали во поени. Има граници за плус и минус, а ноќеска во понудата има 35-мина кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести